И „Горска“ сака улици полни со музика и публика

Со првиот ден на летото почна и првото издание на Skopje Street Music Festival, кое нуди музичко освежување  на седум локации под отворено небо. Спонзор на овој уникатен open air фестивал е компанијата „Кодинг Горска“, препознатлива по покровителство на бројни музики, спортски и културни настани. Маркетинг-директорката Кристина Арсовска вели дека се секогаш отворени да ги поддржат сите манифестации што ги мотивираат луѓето да излезат од дома.

* На што се должи успехот на компанијата „Кодинг Горска“ која постои 30 години и која веќе 13 години ја полни и дистрибуира водата „Горска“?

– Ќе сумираме еден куп детали, во една обична реченица: успехот се должи на фактот што секогаш сме тука за луѓето. Секогаш кога им требаме, секогаш кога сакаат да направат нешто повеќе, нешто поубаво, нешто за прв пат – токму за луѓе како вас од Skopje Street Music Festival.

* Вашата компанија е спонзор на спортски клубови и настани, на Специјалната олимпијада и на бројни забавни и музички манифестации, а сега и на Skopje Street Music Festival. Спонзорствата се важни за овие манифестации, исто како и општествената одговорност на компаниите, оти така се збогатува квалитетот на животот на сите граѓани. Како уште повеќе да се поттикнат фирмите да помогнат за општото културно, спортско и еколошко издигнување на Македонија?

– Ќе се надополниме на претходното прашање – успешните приказни и настани треба да се препознаат. Но, не ги барајте и не ги гледајте низ бројки, туку бројте ги насмевките и задоволните граѓани на крајот на настанот. Тоа е најдобриот совет што би можеле да ви го пренесеме.

* Што очекувате Вие од Skopje Street Music Festival, прв ваков фестивал кај нас, кој ќе понуди квалитетна музика достапна за сите?

– „Горска“ секогаш цели да биде во ритамот со градот. Затоа секој што ги размрдува нашите градови, ги оживува нивните улици и ги вади луѓето надвор е наш најдобар пријател. А кога си со пријатели, се знае што може да очекуваш.
Исто така се надеваме дека овој фестивал ќе продолжи уште многу години и тоа проширен и во другите македонски градови. А каде и да го одржите, ние ќе бидеме покрај вас! Затоа служат пријателите, нели.