Why not

„Why Not band” е музичка рок-група, која е формирана во 2000 година и во својот репертоар вклучува преработки – кавери на познати рок-песни. Во бендот членуваат професионални музичари со класичарска основа и тоа се чувствува и во изведбата на рок-репертоарот што го изведуваат. Бендот е активен со настапи во сите познати ноќни клубови во земјата, а членовите долги години свират и во други познати кавер и авторски бендови. Виртуозитетот на своите инструменти што го поседува секој од членовите поединечно содава едно богато јадро на цврст и чист рок.