Тони Пецанов

Тони Пецанов започнва да учи хармоника на 7-годишна возраст во Струмица. Покрај хармоника, дипломира музикологија и композиција на ФМУ во Скопје. Тој е трикратен победник по хармоника на натпреварите во Македонија, како и  второнаграден на мегународниот натпревар Петар Коњовиќ во Србија. Повеќе пати бил награден на единствениот натпревар по бандонеон во Европа, Klingenthal, Германија и Castelfirado&Lancing во Италија и се здобива со место во жирито на овие натпревари. Креативната работа на Тони Пецанов се огледа и во неговите композиции за соло хармоника кои ги има изведувано на Денови на македонската музика. Тој е прв солист на хармоника со целовечерен концерт посветен на Астор Пјацола со оркестарот на Музичката младина на Македонија.