The quartet

„The quartet“ е  камерен ансамбл составен од флејта, пијано, контрабас и тапани. Составот на својот репертоар има богата содржина, но овој пат ќе ја изведат познатата „Suite for Flute and Jazz Piano Trio – Claude Bolling “. Свитата е напишана од џез-пијанистот и композитор Клод Болинг во 1973 година  и е составена од седум ставови, напишани за класична флејта посветена на познатиот флејтист Жан Пјер Рампал, и џез пијано трио (пијано, контрабас и тапани). Камерна музика компонирана во одличен спој на класична и џез-музика заедно.