Хор св. Злата Мегленска

„Св. Злата Мегленска“ е женски камерен хор кој е формиран во 1996 година. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е Летка Димовска-Полизова. Хорот е  амбасадор на Македонија во странство со бројни награди на светско ниво. Добитник е на титулата Светски шампиони за 2016 и досега освоил 6 олимписки медали, 3 Гранд-при награди, 14 златни, 11 сребрени и 3 бронзени медали, како и 8 специјални награди. Хорот е составен од 22 женски вокали, повеќето млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во Македонија. Преку своето 20-годишно континуирано работење, стана хорски  расадник и културен храм, каде со огромна љубов и посветеност ги стави сите хорски жанрови во функција на афирмирање на домашните автори, композитори и аранжери. Но, приоритетен предизвик е афирмирањето на првичните појавувања на младите академски музичари, соло-пејачи и вљубениците во хорската музика.