Quartet VivArt

„Quartet VivArt“ е камерен ансамбл составен од пијано, кларинет, виолина и флејта. Сите членови на составот се академски образовани музичари со основа во областа на сериозната музика. Квартетот во изминатите години  ја промовира својата концертна дејност на повеќе подиуми во земјата. Во својата програма прават комбинација на класичната школа и популарната музика така што изведуваат филмска музика, со аранжмани наменети токму за овој состав. Изедувачкиот виртуозитет на сите членови на анасамблот е особено забележителен, особено поради леснотијата со која музицираат и кореспондираат еден со друг, создавајќи цврто музичко јадро.