Гудачки квартет – Пламенка Трајковска, мали камерни состави

Гудачкиот квартет е дел од малите камерни состави чиј основач е м-р Пламенка Трајковска. Сите членови на ансамблот се професионални музичари – изведувачи. Трајковска е виолинист и долги  години работи на полето на доближувањето на класичната музика до најшироката публика. Од 1994 година таа е постојан член на Македонската филхармонија и интензивно работи со мали камерни ансамбли  кои работат под едно заедничкото име: Пламенка Трајковска – мали камерни состави. Нивната програма е богата и  вклучува  познати класици од сериозната музика во едно ново осовременето руво.