Pezzanov Piazzolla Project

„Pezzanov Piazzolla Project” е интересен ансамбл, составен од виолина, пијано, електрична гитара, контрабас и бандонеон. Сите членови на составот се академски образовани музичари, чија примарна дејност е токму изведувачката. На програмата од овој проект поставуваат извонредна музика од познатиот композитор Астор Пјацола. Во неговата  музика се преплетуваат влијанија од сериозната музика, аргентинско танго и џез,  а тешката и захтевна програма која ја избрале изведувачите на овој интересен ансамбл е само уште една потврда за нивниот виртуозитет и професионализам.