No Name

„No name” бендот е формиран во 2014 година и сите свои досегашни искуства ги  стекнале со изведби во Градски трговски центар во Скопје. Примарна желба им е своето музицирање секојдневно да го претставуваат на отворен простор за што поголем број на случајни минувачи. Бендот е составен од: кахон, гитара, саксофон и вокал. Интерпретираат преработки на поп-песни од светските  листи, но и од балканските музички сцени. Сите аранжмани на песните се адаптирани наменски за инструменталниот состав кој го сочинува бендот.