Next to silence

„Next to silence“ е џез-состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ЕСМ, за која работат голем број видни џез-музичари и состави. На нивните настапи изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на: Enrico Rava, Jan Garbarek, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Tomasz Stanko, Nils Petter Molvaer и др. и се едни од ретките музичари кои негуват ваков избор на музика на својот репертоар.