Musaiq

„Musaiq“ е бенд чие музицирање претставува несекојдневен колектив. Музиката која ја креираат е легура од стилови поврзани со специфична нишка која всушност е љубов на овој состав. Македонскиот фолклор како непресушна ризница на инспирација е повод за овие храбри преработки на бесмртните песни. Во нивната музичка изведба се преплетуваат различни жанри и  музички правци. Бендот се состои од пет члена, секој со своја посебна сензуалност кон музиката, а спојот на сите музичари заедно вродува со уникатно единство кон чист естетски израз.