Монистра

„Монистра“ е етно-состав кој во својот репертоар ја негува најубавата македонска традиционална ризница, како извор на инспирација и правец на творење. Тие го промовираа  својот втор албум насловен „Киниса моме на вода“ во 2017 година. Нивните преработки на изворни народни песни и ора имаат специфичен сопствен музички израз каде се води многу внимание да не се отстапи од изворниот мелос, препознатлив како житие на традицицијата која вековно се негува во Македонија. Изведувачите во составот на „Монистра“ се академски образовани музичари и тоа се чувствува во нивниот виртуозитет на традиционалните македонски инструменти.