Кристијан Гиноски

Кристијан Гиноски е  гитарист  кој имал бројни настапи уште од 2010 година како член од бендовите „Live wire“ (хард рок и метал), „Two generations“ (блуз/рок, алтернативен рок), „Ultrasound„ (поп) и други кавер бендови. Одржува самостојни настапи од  2016 година како артист во проектот за улични музичари на Град Скопје. Има голем број на настапи надвор од Скопје од кои позначајни се уличните настапи во Охрид и Малта. Во својот репертоар вклучува поп-рок песни изведени со лооп педала, кои се напишани од повеќе странски автори (Gorillaz, Pink Floyd, Џони Кеш, Хју Лори).