Kadabayas

„Kadabayas“ е една од ретките џез-формации кои создаваат авторска музика и претставуваат вистинско богатсво на македонската музичка сцена. Ова џез-трио во својата творечка музикалност преплетува повеќе стилови и со тоа создава еден спектар на широки музички бои, како во жанрот така и во фактурата на самата музика. На моменти се навестуваат македонски традиционални мелодиско-ритмички фигури, но на еден сосема суптилен и софистициран начин. Освен традиционалниот мелос, присутни се и други правци како фанк, рок, но претставени низ призмата на џез размислување.