Just the 3 of us

„Just the 3 of Us” е трио чија програма се состои од изведба на француски шансони. Составот е формиран во 2018 и целта на изведувачите е да ја разбијат монотоноста на вообичаените програми и да им  овозможат на слушателите едно поинакво доживување на музиката. Триото се состои од: вокал и перкусии, гитара, клавијатура. Активно настапуваат на различни музички настани.