Fighting Windmills

„Fighting windmills“е состав формиран во 2007 година во кој членуваат пет музичари од помладата генерација. Музиката што ја создава оваа група е лично авторска креација која не подлежи на каква било површна категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со конвенциите на повеќе жанровски и стилски извори, меѓудругото: пост-рок, слободен џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија запишуваат пет ЛП изданија, издадени за четири различни дискорафски куќи. Во моментов се актуелни со нивното најново ЛП издание „An Exercise in Surprise“, кое беше издадено во април 2018, под етикетата на ШАРЛА. На овој албум, покрај веќе востановените насоки, бендот флертува со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло делниците на Чарли Паркер. Насловот на албумот и насоката во која се движи изданието се делумно инспирирани од албум на легендарниот квинтет на Кен Вандермарк.