Елена Чадиковска

Елена Чадиковска е дипломиран перкусионист на ФМУ Скопје. Во својата изведувачка кариера поставила неколку соло-рецитали за вибрафон и ксилофон. Нејзината извведба е карактеристична по високата музикалност, која се чувствува во динамичките фразирања во секоја композиција, соодветната промена на карактерот која беспрекорно ја доловува како реализација на замислата на авторот, а сепак ја збогатува со сопствена сензуалност од изведувачки аспект. Покрај соло-перкусионистичката кариера, член е и на повеќе состави со различни програми и жанровски правци. Поседува истражувачка љубопитност за музика и постојано експериментира со своите изведувачки настапи, трагајќи по нов израз и примена на инструментите во различни и специфични музички состави и репертоари. Бојан Гичев се наоѓа во улога на придружбан на ксилофонот, со гитарска ритмо – метричка  хармонија.