Bossa Un Der Cover

„Bossa Un Der Cover“ е бенд составен од 4 члена. Составот е формиран во 2000 година и во текот на изминатите години активно учествуваат со музицирање на повеќе битни настани во Скопје и пошироко. Го негуваат стилот боса нова во преработките на сите познати песни што се наоѓаат на нивната програма. Музичкиот стил и боја на бендот како звук привлекува со својата пријатност и едноставност во изведбата. Бендот веќе пет сезони активно учествува како матичен бенд во најгледаната ТВ-емисија во Македонија ,,Еден на еден“.