Bojana Fabel Jazz Trio

„Bojana Fabel Jazz Trio” е интересен состав, каде инструменталниот ансамбл се состои од: бас-гитара, клавијатури и вокал. Основач на составот е Бојана Фабел пред се како интернационален изведувач, вокал и автор. Во својот репертоар вбројувааат песни кои се препознатливи за љубителите на џезот.  По студиите и живеењето во Лондон каде ја започнала својата кариера Бојана остварила настапи во и надвор од земјата, меѓу кои во изминатата година и на азискиот континент во Сингапур, во Montreux Jazz cafe и SingJazz Cafe Singapur (дел од престижниот Singapore International Jazz Festival) како и приватниот концерт на проектот Fabel Orchestra.