Антоние Весковски

Антоние Весковски  е студент на додипломски студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, отсек удирачки инструменти кај проф. м-р Мојца Седеу. Член е на ансамблот за современа музика „Кон Темпора“, на симфонискиот оркестар на ФМУ и на ансамблот „Сонант“ како и соработник во Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Членувал во оркестрите на Македонската радио телевизија и Градскиот дувачки оркестар, во академскиот хор „Мирче Ацев“, како и во оркестарот „Bulgaria classic“ и во интернационалниот оркестар на BISYOC – Англија. Како перкусионист настапува на многу фестивали и културни настани низ земјава и надвор. Добитник е на бројни награди во полето на перкусивни изведувачи.