Ani Kinor Quartet

„Ani Kinor Quartet“ е ансамбл составен од 4 члена, комбинација од 3 академски образовани музичари и еден самоук изведувач. На репертоарот негуваат интересна програма која ретко може да се слушне на нашите простори, а тоа е еврејската/сефардска музика. Текстовите на песните можат да бидат на различни јазици, но често се употребуваат хебрејски и ладино. Најчесто се користат перкусии, даире, лаута, но во „Ani Kinor Quartet“ составот е: вокал, тарабука, бандонеон, гитара и кларинет.