конкурс за избор на учесници на фестивалот на улични музичари

„skopje street music festival 2018"

Годинава во периодот од 21 – 24 јуни во Скопје за првпат ќе се одржи Фестивал на улични музичари „Skopje Street Music Festival“. За таа цел, организаторите на фестивалот распишуваат Конкурс на кој може да се пријават сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од учесниците на фестивалот како изведувачи на музички перформанс.

Во согласност со концептот за промоција на квалитетна музика, на фестивалот ќе бидат застапени следните музички жанрови:


класична музика

рок музика

филмска музика

поп преработки

етно музика

електро акустична музика

како да аплицирате?

За да аплицирате, потребно е да доставите:


Куса биографија на изведувачот/групата

Предлог програма (времетраење, жанр, автор и состав)

Линк до видео од ваш настап (опционално)

Контакт информации

критериуми за избор

Главни критериуми за избор на изведувачите ќе бидат:


Квалитет

Стилска и жанровска разнновидност во содржината

Иновативност

финансиски надоместок

Со сите избрани учесници ќе биде потпишан договор и ќе добијат соодветен финансиски надоместок.


начин и рок на приjавување

Рокот за пријавување на учесниците на фестивалот е најдоцна до 23.05.2018.

Вашите апликации испратете ги на info@skopjestreetmusicfestival.com