за фестивалот

Инспирирани од желбата на Скопjе да му подарат несекојдневно уметничко доживување, група ентузијасти одлучија да го организираат првиот Фестивал на улични музичари во Македонија. Водени од мотото „Уметноста и` припаѓа на улицата, а улиците му припаѓаат на секој граѓанин“ едногласно донесоа одлука, секоја година, неколку дена во јуни Скопје да го претворат во голема музичка сцена под отворено небо.


По примерот на слични настани во европските метрополи, Skopje Street Music Festival е замислен како голем open-air настан, какви што мора да признаеме, му недостасуваат на нашиот град. Идејата е музиката да не се дели на улична и естрадна туку да ги спои на иста сцена врвните музичари и аматерите кои секојдневно забавуваат илјадници луѓе на улиците. Фестивалот на улични музичари има значајна улога во градењето на идентитетот на градот Скопје, како и во развојот, социјализацијата и опшествената кохезија.

Програмата ќе биде жанровски шаренолика и квалитетна. Артистите ќе настапуваат на повеќе локации низ градот, со што јавниот простор низ кој минуваат граѓаните ќе биде претворен во место за вистинско урбано музичко уживање. Со цел да биде достапен за што повеќе граѓани, фестивалот се одржува на неколку локации во различни делови на Скопје: Плоштад Македонија, Градски Парк, ТЦ Лептокарија, Паркот кај авиончето во Ново Лисиче, Плоштад Скендербег и Боемска улица.

skopje street music festival треба да ни помогне:

Да го надградиме културниот идентите на Скопје

Секој да може да види интересен музички перформанс без да мора да плати карта за тоа

Да се бориме против турбо-фолк кичот

Да ја промовираме добрата музика

Да ги извадиме сите на улица ама на забава, а не на протест

Да привлечеме туристи


Скопје е најубаво во јуни. Да го направиме уште поубаво и поразиграно.